Достапни линкови

Пеле: Марадона ме обожува


Пеле му ја предава наградата за најдовар годбалер на Бразилецот Кака во 2007

Пеле му ја предава наградата за најдовар годбалер на Бразилецот Кака во 2007

Продолжува вербалниот судир меѓу двајцата, веројатно најдобри фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле и Аргентинецот Диего Марадона. На секои неколку дена имаме можност да чуеме за некоја нова закачка меѓу Пеле и Марадона.

Пеле неодамна изјави дека Марадона станал аргентински селектор само затоа што останал без пари, по што Марадона врати дека на Пеле местото му е во музеј. Сега повторно дојде ред на легендарниот Бразилец. Цел свет знае дека Марадона ме сака, изјави Пеле за Ленс.

„Кога почна да ја води телевизиската емисија во Аргентина, мене ме повика за гостин. Кога организираше хуманитарна забава во Бока Јуниорс, повторно бев таму. Марадона ме сака. Кога и да треба некој негов настан да добие внимание од јавноста, тој ме вика мене“, изјави бразилскиот великан.
Диего Марадона

Пеле одговори и на коментарот на Марадона дека Бразилците се подготвени на се само да дојдат до победа. Таа изјава на Марадона се однесуваше на погодокот на Луис Фабијано во натпреварот против Брегот на Слоновата коска, поточно на фактот дека напаѓачот на Севиља два пати играше со рака пред да го даде голот.

„Мислам дека тој имаше нешто од нас двајцата. Мојата игра со глава и играта на Марадона со рака“, цинично заклучи Пеле, алудирајќи на славниот гол на Марадона постигнат со рака против Англичаните во четврт финалето на Светското првенство 1986 година.


XS
SM
MD
LG