Достапни линкови

Со новиот ребаланс на буџетот се предвидени повеќе пари за здравството. Фондот за здравство ќе добие околу пет проценти повеќе од досегашниот буџет, а зголемување е предвидено и за Бирото за лекови. Опозицијата обвинува дека всушност со зголемените средства се прикриваат долговите.

Фондот за здравствено осигурување и Бирото за лекови, со ребалансот на Буџетот за 2010 година, добиваат повеќе народни пари. Додека од Фондот велат дека зголемувањето и извршено согласно проценките и дека средствата ќе бидат соодветно распределени, претставници на опозициските партии забележуваат дека со трансферот на свежи пари се прикриваат алармантните состојби. Согласно предложениот
Со нашите анализи се увиде дека се потребни дополнителни средства затоа што се зголемени породувањата по сите основи, тоа значи и породилни и обични боледувања и од ребалансот 300 милиони денари се додадени за оваа ставка.
ребаланс, кој се разгледува на Комисијата за финансирање и Буџет, Фондот за здравство добива за близу 5 проценти повеќе пари од оригиналниот Буџет. Како што покажува предлог – ребалансот, приливот не е обезбеден од даноци нити пак од наплаќање на придонеси. Приливите од овие две стапки се речиси идентични со проектираните од оригиналниот буџет. Портпаролот на фондот Бранко Аџигогов вели дека за сега сигурно се знае дека новиот прилив ќе се користи за покривање на боледувањата:

„Со новиот ребаланс, односно со нашите анализи се увиде дека се потребни дополнителни средства затоа што се зголемени породувањата по сите основи, тоа значи и породилни и обични боледувања и од ребалансот 300 милиони денари се додадени за оваа ставка која сега изнесува две милијарди денари, односно 10 отсто од вкупниот буџет.“

За сега не е донесена конечна одлука за распределбата на сретствата, додава Аџигогов:

„Максимум 100 милиони би добиле јавните здравствени установи и другите се распределуваат по сите основи, лекови, фактори за хемофилија, доопремувањето на Градската болница, дополнителни кардиохируршки операции.“
И практично владата со директни трансфери сака колку толку да го намали притисокот во Фондот затоа што нема исплатено многу
работи.


Ексминистерот за здравство Ѓорги Оровчанец, од друга страна, вели дека трансферот на свежи пари во Фондот е само обид за прикривање на вистинската слика за состојбата во институцијата:

„Потребно е повеќе пари за да се компензира долговите коишто Фондот и воопшто јавните здравствени установи ги генерираат. Фондот не успева да собере доволно пари за да ги плати тие ануитети, дупката кај него е околу 50 милиони евра, долгот на јавните здравствени установи дефинитивно не се знае или никој не ја кажува, што значи дека е многу поголем од 50 милиони.“

Заостануваат исплатите и набавките во Фондот, смета Оровчанец:

„И практично владата со директни трансфери сака колку толку да го намали притисокот во Фондот, затоа што нема исплатено многу работи, нема набавено многу работи и гледа едноставно колку може тие работи да ги амортизира.“

XS
SM
MD
LG