Достапни линкови

Кина прати 10 илјади мировници во Ксинџијанг


Владеачката комунистичка партија во Кина денеска испратила 10 илјади преставници да пренесат пораки за мир и стабилност во проблематичниот запaден регион Ксинџијанг. Минатата година Ксинџијанг беше место на смртоносни етнички насилства. Од партијата изјавиле дека испратените мировници ќе одат во училишта, во владини институции, села, по куќите, по религиозните објекти и ќе му објаснуваат на тамошното население дека сакаат мир и стабилност. Ксинџијанг е голема област која граничи со Авганистан, Пакистан и Казахстан. Во Ксинџијанг мнозинството се муслиманско население Ујгури кои велат дека се жртви на културна и верска дискриминација.
XS
SM
MD
LG