Достапни линкови

Средби има, решение нема


Премиерите на Македонија и на Грција, Груевски и Папандреу
Премиерите на Македонија и на Грција, Груевски и Папандреу

Директните средби Груевски-Папандреу предизвикуваат пофалби, но и коментари дека се сведуваат на обична фотосесија без конкретни резултати. Чувствителноста на прашањето околу спорот за името и во двете земји, наметнува потреба од голема претпазливост, коментираат експертите кои сепак додаваат дека дури и меѓусебните средби без решение претставуваат „чекор напред“.

Директните средби Груевски-Папандреу по правило предизвикуваат пофалби и поздрави од меѓунардната заедница и од домашната јавност, но и се посилни коментари дека не ја надминуваат сликата на обична фотосесија и рекламен потег за демонстрираната политичка волја на двајцата премиери и на двете земји кои што се во спор. По се изгледа, токму недостигот од резултат и од конкретна
Обично шефови на влади не се среќаваат ако немаат претходно договорени резултати од нивната администрација, дали тоа е министерството за надворешни работи, економија итн.
агенда ги прави ваквите средби се уште случајни и до последен момент со неизвесност одржани на маргините на самити и конференции каде што присуствуваат двајцата премиери. И такви, тие треба да се поздрават, и во овој наврат велат домашните експерти, истовремено коментирајќи дека сеуште не е дојдено време тие да бидат закажани во форма на самит на двајцата премиери со многу поконкретна агенда и исход.

„Така да на таков самит, сигурно една од главните теми, ако не главна тема би било прашањето за името. Обично шефови на влади не се среќаваат ако немаат претходно договорени резултати од нивната администрација, дали тоа е Министерството за надворешни работи, економија итн. Така што мислам дека во овој случај, евентуален самит не би можел да го избегне прашањето на името, а тука јас мислам дека сеуште нема некој конкретен договор“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

Двајцата премиери се уште не се подготвени прашањето за името да го
Преговорите за името официјално се водат во ОН, а од друга страна Грција ја блокира Македонија да речеме и сега зошто би се состанувале со некој што не блокира, ако не за името.
наметнат како официјална агенда на своите средби, поради стравот од реакциите во своите држави, велат експертите. Од друга страна внимателноста во среќавањето ја избираат како однесување двајцата премиери, додава полииткологот Владимир Божиновски поради две специфичности на состојбата:
Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средба во Брисел

„Преговорите за името официјално се водат во ОН, а од друга страна Грција ја блокира Македонија да речеме и сега зошто би се состанувале со некој што не блокира, ако не за името.“

Божиновски се прашува дали во која и да е форма со вака поставените црвени линии директните контакти би ја надминале досегашната форма и резултат. Тој сепак ја остава и можноста на досегашните таканречени фотосесии и љубезни ракувања меѓу двајцата премиери, сепак нешто и да се договара за кое што во вака чувствителниот спор јавноста не се информира до крај.
XS
SM
MD
LG