Достапни линкови

Нема евтини летови


По визната либерализација во земјите од регионот дојдоа повеќе нискобуџетни авиокомпании кои нудат евтини билети, но во Македонија не влезе ниту еден странски авио превозник. Малиот пазар и политичко-економските проблеми се причина за неатрактивноста на Македонија.

Очекувањата дека со визната либерализација ќе се зголеми воздушниот сообраќај и ќе влезат поголем број на авио компании засега не се остваруваат. Колку за пример ако во Белград од почетокот на годинава досега влегле шест авио превозници, а во истиот период кај нас ни еден, тоа е доволен показател дека странските компании сеуште не гледаат голем пазар во нас како држава за да отворат нови
Со текот на времето ќе се подобри економската ситуација во Македонија и тогаш ќе има и поголем пазар за авиокомпаниите од-до Македонија и кога ќе има поголем пазар по некој автоматизам ќе дојдат повеќе компании, ќе има поголема конкуренција и тогаш ќе паднат цените на авиобилетите
авионски линии:

„Со текот на времето ќе се подобри економската ситуација во Македонија и тогаш ќе има и поголем пазар за авиокомпаниите од-до Македонија и кога ќе има поголем пазар по некој автоматизам ќе дојдат повеќе компании, ќе има поголема конкуренција и тогаш ќе паднат цените на авиобилетите. Мислам дека треба да се решат некои политички проблеми што Макеоднија ги има во моментот“, изјави Николас Маерле поранешен директор на МАТ.

Со размислувањата на екс директорот на доскорешниот национален авио превозник не се согласуваат од ребрендираниот МАТ Ервејс. Старо-новата авио компанија зад кој стои српски капитал проблемот во високи авионски карти го детектира во присуство на повеќе странски отколку домашни компании:

„Нашите цени ќе бидат поповолни за разлика од конкуренцијaта која во моментов е на пазарот. Сега не би можела да ви ги кажам цените. Ние како МАТ Ервејс ќе се потрудиме да ги исполниме сите обврски што ги презедовме и да ја оправдаме довербата кај македонските граѓани, со тоа што ќе имаме пониски цени на авио билетите и на туристичките аражмани“, изјави Даниела Пушара, портпарол на МАТ Ервејс.

Во исчекување на реновирањето Александар Велики од страна на турски ТАВ, кое предводува комплетна модернизација на постоечкиот аеродром изградба на нови терминали, административни згради, писти, нова опрема
Кога ќе прејдеме над милион патници тоа веќе ќе биде објективно да се направи, сега на 500 илјади патници верувајте е многу тешко
Македонија од ден во ден ги губи своите патници, но и покрај тоа засега не се размислува за поефтинување на авио билетите.

„Кога ќе го направи ТАВ аеродромот, кога ќе го направи како регионален, ќе воспостави одредени линии како транзитни, значи кога ќе прејдеме над милион патници тоа веќе ќе биде објективно да се направи, сега на 500 илјади патници верувајте е многу тешко“, дециден е Зоран Крстевски од Агенција за цивилно воздухопловство.

Александар Чоневски од туристичката агенција Игуана оценува:

„Мислам дека сме навистина со многу високи цени и воопшто не сме конкурентни, всушност тоа го покажуваат и бројот на полетувања од скопскиот аеродром во споредба со земјите околу нас.“
XS
SM
MD
LG