Достапни линкови

Ердоган го отфрли предлогот за вонредна состојба


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го отфрли предлогот да биде прогласена вонредна состојба во југоисточниот дел од земјата каде што во последните денови ескалираа нападите на курдските бунтовници врз безбедносните сили. Ердоган додаде дека неговата влада, и покрај сегашното насилство, ќе ги продолжи претходно започнатите демократски реформи, бидејќи тоа не се отстапки кон терористите, туку кон курдскиот народ. Припадниците на Курдската работничка партија деновиве извршија повеќе напади во кои загинаа 12 војници и пет цивили.
XS
SM
MD
LG