Достапни линкови

Тадиќ: ЕУ да ги интегрира земјите од ЈИЕ


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска во Истанбул на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа изјави дека Европската унија мора да се изјасни дали е подготвена да ги прими сите држави од регионот. ,,Само кога цела Југоисточна Европа ќе биде интегрирана во Унијата тогаш навистина ќе почне ерата на мирот што беше навестена со падот на Берлинскиот ѕид,, наведе Тадиќ, кој оцени дека регионалната соработка треба да биде фокусирана врз борбата против организираниот криминал кој претставува најдиректна опасност за просперитетот на регионот.
XS
SM
MD
LG