Достапни линкови

logo-print

Ахтисари: Косово ќе остане независно


Поранешниот претседател на Финска, Нобеловецот за мир Марти Ахтисари изјави дека Косово ќе остане независна држава без оглед на одлуката на Меѓународниот суд за правда која се очекува до крајот на годинава. ,,Мислам дека е важно секој да почне да сфаќа дека Косово ќе остане независно, посебно оние што имаат амбиција да влезат во Европската унија,, изјави Ахтисари кој порано беше и специјален пратеник на Обединетите наци за Косово.
XS
SM
MD
LG