Достапни линкови

Карзаи не сака генерал Мекристал да биде отпуштен


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изрази надеж дека претседателот Барак Обама нема да го отпушти главниот командант на меѓународните сили во Авганистан генерал Стенли Мекристал. Според оценката на кабинетот на Карзаи, тој бил најдобар командант од почетокот на војната во Авганистан. Генерал Мекристал во интервју за магазинот Ролинг Стоун изнел провокативни оценки за некои членови на американската админситарција, меѓу нив и за потпретседателот Џо Бајден. Обама денеска треба да се сретне со Мекристал, а не се исклучува можноста тој да биде и отпуштен.
XS
SM
MD
LG