Достапни линкови

logo-print

Дебаклот на Франција срам за земјата


South Africa - Steven Pienaar (floor) of South Africa falls in front of French Abou Diaby during the FIFA World Cup 2010 group A preliminary round match between France and South Africa at the Free State stadium in Bloemfontein, 22Jun2010

South Africa - Steven Pienaar (floor) of South Africa falls in front of French Abou Diaby during the FIFA World Cup 2010 group A preliminary round match between France and South Africa at the Free State stadium in Bloemfontein, 22Jun2010

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција Жан Пјер Ескале оцени дека дебаклот на репрезентацијата на Светското првенство во Јужна Африка го уништи угледот на францускиот фудбал кој бил создаван половина век.

„Најмногу ме загрижува психолошката драма што се одигруваше во изминативе денови. Тие ја посрамотија земјата“, изјави Ескале, откако Франција испадна од Светското првентво по натпреварите во групите и тоа два пати по ред.

Во три натпревари во Групата А, играчите постигнаа само еден гол и освоија еден бод, а репрезентацијата ја потресуваа и кавгите меѓу играчите и селекторот Ремон Доменек поради отстранувањето на Никола Анелка од тимот.

Ескале смета дека срамот нанесен на Франција е многу поголем проблем од ваквите лоши резултати што ги остварија репрезентативците.

Тој, исто така најави дека во почетокот на јули ќе се состане Советот на Фудбалскиот сојуз на Франција за тоа кој е виновен за таквата ситуација. Ескале потврди дека ќе се создава нов тим околу идниот селектор Лорен Блан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG