Достапни линкови

Европа погодена од спорот со гасот меѓу Русија и Белорусија


Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек изјави дека недоразбирањата меѓу Русија и Белорусија околу испораката на гас веќе имало влијание и врз Европа. Белорусија вчера го намали протокот на руски гас наменет за европските пазари. Претседателот Александар Лукашенко го наредил овој потег откако Газпром почна да го намалува снабдувањето на Белорусија поради неисплатата на долгот од скоро 200 милиони долари. Бузек во Москва прецизира дека Литванија, Полска и Германија веќе ги чувствувале последиците од белорускиот потег.
XS
SM
MD
LG