Достапни линкови

Резолуција за Косово на ПССЕ


Парламентарното Собрание на Советот на Европа усвои резолуција за Косово во која се истакнува статусна неутралност спрема Косово, но и потреба за поголемо ангажирање. Во документот се признава натамошно важење на резолуцијата 1244 на Советот за Безбедност на ОН. Се повикуваат политичките партии да почнат дијалог со претставници на политичките сили во Собранието на Косово за прашања од заеднички интерес, како и за земање предвид на легитимните интереси и забелешки на Србија и Резолуцијата на СБ на ОН 1244. Собранието ги повикува Еулекс, УНМИК, институциите во Приштина и владата во Белград да преземат одредени чекори со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите на Косово.
XS
SM
MD
LG