Достапни линкови

Дмитри Медведев во посета на САД


Рускиот претседател Дмитри Медведев допатува во Сан Франциско, со што ја започна тридневната посета на САД, која според очекувањата ќе биде фокусирана врз развојот на бизнис врските меѓу двете земји. Денеска Медведев ќе се сретне со основачите на социјалната мрежа Твитер, а подоцна во т.н. Силиконска долина и со претставници на други компании од оваа сфера. За утре е предвидена средба со американскиот претседател Барак Обама. По престојот во САД, Медведев ќе отпатува за Канада, каде што ќе учествува на Самитите на Г-8 и Г-20.
XS
SM
MD
LG