Достапни линкови

Времето и натаму променливо и свежо


Времето ќе биде променливо облачно, ветровито со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, облачноста постепено ќе се намалува. Утринската температура се движи од седум до 14, а дневната ќе биде од 16 до 19, во крајниот југоисточен дел од 20 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд особено претпладне. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Утринската температура се спушти до 11, а дневната ќе се искачи само до 18 степени.
XS
SM
MD
LG