Достапни линкови

logo-print

Марадона: Каде се сега оние што не критикуваа


Аргентинскиот селектор е среќен поради трите победи во групата. Грчкиот призна дека Аргентина е подобра.

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Диего Марадона, по победата над Грција со 2:0, изјави дека е среќен што натпреварувањето во групата го завршиле со три победи. Тој, третиот натпревар, го започна со седум измени во однос на претходниот со Јужна Кореја.

„Сите играчи ми се потребни. Тие се максимални професионалци, дури и кога седат на клупата. Покажавме како на вистински начин се носи дресот на Аргентина. Каде се сега оние што не критикуваа за време на квалификациите“, рече Марадона.
Стручниот штаб на Аргентина, предводен од Марадона

Грчкиот селектор Ото Рехагел изјави дека Аргентина заслужено победила.

„Сакавме да избегнеме рано да примиме гол. Успеавме во тоа, но евидентно беше дека Аргентина е подобра екипа од нас. Моите играчи го оставија срцето на теренот, но тоа не беше доволно за сериозно да им се заканиме на Аргентинците“, истакна Рехагел.

Грција го заврши натпреварувањето во групата Б со една победа и два пораза.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG