Достапни линкови

Ребалансот нема да ги скрати амбасадите


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ги отфрли обвинувањата дека ќе се затвораат амбасади и конзуларни претставништва на Македонија во странство заради кратењето на Буџетот. Mилошоски изјавил дека се размислувало дали да се постапи како Словенија, Словачка, Шведска, Унгарија кои затвориле одредени преставништава или да најдат друго решение. Шефот на дипломатијата изјавил дека е важно да се има добра дипломатска мрежа и затоа планираат да отворат амбасади во Прага, Тел Авив, Њу Делхи, а во тек е отворање амбасада во Осло.
XS
SM
MD
LG