Достапни линкови

logo-print

Филе: Визната либерализација, пример за напредокот на односите со ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска во Истанбул дека визната либерализација со Македонија, Србија и Црна Гора, претставува добар пример на напредок постигнат во изминатата година во односите меѓу Западeн Балкан и Европската Унија. Филе рече дека исто така пример за тој напредок е и предлогот на ЕУ за визна либерализација со Албанија и БиХ. Филе изјави дека и луѓето кои живеат на Косово имаат право, колку и жителите на остатокот на Западниот Балкан, да ги користат мерките чија цел е приближување на регионот кон ЕУ.
XS
SM
MD
LG