Достапни линкови

logo-print

Киргистанските сили тепале Узбеци при денешната рација


Хјуман рајтс воч соопштува дека киргистанските трупи претепале неколку мажи и жени за време на денешната рација во узбечките населби во јужен Киргистан. Според кажувањата на преставничката на Организацијата, безбедносните сили на Киргистан ги натерале Узбеците да легнат на под со лицето надолу, а потоа ги тепале. Повредени се 12 луѓе, а неколку жени биле и ограбени. Киргистанските сили спроведуваат рации во узбечките населби во потрага по оружје.
XS
SM
MD
LG