Достапни линкови

Економски раст и нови вработувања во Јужна Африка, очекува претседателот Зума, како последица од актуелното Светското Првенство во фудбал.

Претседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума денеска изјави дека е убеден оти актуелното Светско првенство во фудбал ќе доведе до отворање нови работни места и економски развој на неговата земја. Зума оцени дека ќе има пораст на бруто-домашниот производ и нови вработувања.

Невработеноста во Јужна Африка, официјално е околу 25 насто, но аналитичарите проценуваат дека е околу 40 насто. За актуелните штрајкови во земјата и барањата за поголеми плати, претседателот Зума рече дека тие не биле поврзани со Мундијалот и оти во Јужна Африка, традиционално во јуни и јули е така-наречена сезона на штрајкови.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG