Достапни линкови

Аудио филтер за вувузелите


Чешката телевизија, која ги пренесува сите натпревари од Светското првенство во фудбал, соопшти дека вградила филтри кои ја редуцираат бучавата од вувузелите на стадионите. Од вчера ЧТ инсталира аудио филтер, кој во голема мера ја намалува бучавата од вувузелите, се вели во соопштението. Во него се додава дека тоа е направено на барање на гледачите, кои во голем број сугерирале дека им пречат звуците на вувузелите.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG