Достапни линкови

Турција бара да се реализира Договорот со Иран за доработка на горивото


Турција и Бразил ќе продолжат да инсистираат да се реализира Договорот за размена на нуклеарното гориво, што беше потпишан со Иран, изјави денеска министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу. Тој разговарал со бразилскиот и иранскиот министер за надворешни работи Селсу Аморим и Манучер Мотаки за реализација на Договорот, а во сабота за истото ќе побара поддршка и од Германија. Според Договорот, Техеран требаше да испраќа ураниум на доработка во Турција. На почетокот на месецот Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа нова резолуција за санкции кон Иран.
XS
SM
MD
LG