Достапни линкови

Во очекување на предлог од Нимиц


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Наместо на меѓународна, спорот за името се чини се префрла на домашна сцена. Oколу ова прашање се препукуваат политичките партии. Додека грчкиот премиер Папандреу остварува средби во ОН, ние чекаме предлог од медијаторот Нимиц. Експертите со поделени мислења околу тоа, дали лобирањата може да помогнат во решавање на спорот.

Нашиот државен врв и натаму во очекување на предлог од медијаторот Нимиц. Во кабинетите на министерот за надворешни работи и на претседателот повикуваат на оваа вчерашна изјава на Иванов што се однесува до идните чекори што може да се очекуваат во насока на наоѓање решение за спорот за името. Кога ќе дојде таков предлог од Нимиц не очекува она што треба да го постигнеме, да го
Да се актуелизира како потреба во понатамошните преговори Привремената Спогодба Грција-Македонија во врска со спорот со името. Тоа треба да се врати во еден важен приоритет на дипломатска
дебата.
хомогенизираме општетсвото и да дојдеме до заеднички став. Веќе постојат шпекулации дека тој предлог којшто се најавува од март ќе дојде во текот на летото.

Во меѓувреме, грчкиот премиер се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кому како што изјави, му ги образложил грчките иницијативи што според него напредуваат со помош на медијаторот Нимиц. Тој рече и дека доколку постоела временска рамка прашањето за името до сега би било решено. Што се однесува до македонската дипломатска активност, експертите се поделени меѓу оние кои се на мислење дека таа треба да актуелизира одредени теми до оние коишто не веруваат дека таа може да придонесе до зголемен притисок кон Грција.

„Да се актуелизира како потреба во понатамошните преговори Привремената Спогодба Грција-Македонија во врска со спорот со името. Тоа треба да се врати во еден важен приоритет на дипломатска дебата, другиот дел да се испраќаат поразбирливи пораки меѓу политичките партии, опозицијата и позиција“, изјави аналитичарот Назми Малиќи.
Назми Малиќи

За политичкиот аналитичар Владимир Мисев досегашните самити покажале дека ниедно лобирање нема толкава сила колку што решението се очекува да произлезе од директните контакти меѓу
Така што сметам дека тие средби треба да продолжат меѓутоа треба да станат посуштински, односно конкретно да ги отворат сите прашања коишто се јавуваат како препрека за решавање на
овој спор.
Македонија и Грција коишто според него е единствено важно да продолжат, но и да се конкретизираат.

„Така што сметам дека тие средби треба да продолжат меѓутоа треба да станат посуштински, односно конкретно да ги отворат сите прашања коишто се јавуваат како препрека за решавање на овој спор. Мислам дека е нереално да очекуваме дека некоја држава, па дури и Соединетите Држави дека ќе можат да ја притиснат или да извршат толку голем притисок врз Грција да прифати нешто што е надвор од нивните позиции.“

Засега, дипломатското однесување на нашите релевантни политики актери е збунувачко, додава Малиќи со нејасни пораки кои потекнуваат најпрвин одвнатре, од комуникацијата меѓу власта и опозицијата. Тоа треба да се насочи кон враќање на изгубената доверба кај дипломатските кругови и нашите поддржувачи наместо да се задржи на ниво на активности на политички партии коишто се подготвуваат за избори.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG