Достапни линкови

Во Бангладеш работниците бараат поголема плата


Околу 700 фабрики за облека денeска во Банглaдеш се затворени поради протест на неколку илјади работници кои бараат подобри плати. Работодавaчите одлучиле да ги затворат погоните за да ги избегнат немирите во индустриската зона. Во судир меѓу работниците и полицијата се повредени најмалку стотина работници. Работниците бараат месечната плaта да им се зголеми за 73 долари. Сегашната просечна плата изнесува 29 долари. Во Бангладеш има околу 4.000 фабрики за производство на облека кои извезуваат во Европа и САД. Во текстилната индустрија се вработени 2 милиони луѓе, а од извозот земјата заработува 12 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG