Достапни линкови

logo-print

4-ца загинати, 12 повредени во експлозија во Истанбул


Најмалку 4 лица загинале, а 12 биле повредени кога автобус со воен персонал и членови на нивни семејства, налетал на мина на патот во Истанбул. Гувернерот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу изјавил дека бомбата била детонирана со далечински управувач. Засега никој не ја превзел одговорноста за нападот, но властите сметаат дека се одговорни курдските бунтовници. Инаку, турската армија вчера започна големо распоредување на трупи на границата со северен Ирак, каде што се смета дека се засолништата на курдските бунтовници.

XS
SM
MD
LG