Достапни линкови

Државна киргистанска фирма ќе доставува гориво за базата во Манас


Властите на Киргистан соопштија дека ќе формираат државна компанија која ќе ја снабдува американската база во Манас со гориво. Декретот денеска го потпишала лидерката Роза Отунбаева, а компанијата ќе била формирана за 10-тина дена. Досега, базата во Манас ја снабдувале со гориво приватни компании во сопственост на Максим Бакиев, син на соборениот претседател Курманбек Бакиев, кои не платиле даноци во износ од околу 80 милиони долари. Базата во Манас ја користат американските сили за снабдување на трупите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG