Достапни линкови

Но, не мора се да биде решено на теренот. Во некои групи постои теоретска можност, пласманот понатаму да биде одреден со ждрепка.

Од денеска почнуваат последните натпревари по групи, со што конечно ќе бидат расчистени дилемите кои две репрезентации од секоја група ќе одат натаму, а кои две ќе си одат дома. Но, не мора да биде се така едноставно. Додека Бразил и Холандија се единствените сигурни за осминафиналето, останатите треба допрва да се изборат. Според правилата на ФИФА за ова Светско Првенство, првите две екипи со најмногу бодови ги продолжуваат натпреварите. Ако некои екипи имаат ист број бодови, тогаш се оди според правилата:

1. Најдобра гол разлика. Ако е иста, тогаш

2. Повеќе постигнати голови. Ако е исто, тогаш

3. Меѓусебниот натпревар. Ако завршил нерешено, тогаш

4. Ждрепка

Теоретска можност за одлучување со ждрепка постои во групите А, Ц, Д, Ф, Г, и Х. Таков е на пример случајот во групата Ф меѓу Италија и Нов Зеланд. И двата тима во првите два натпревара играа 1 спрема 1, вклучувајки го и нивниот меѓусебен натпревар, па ако остварат ист резултат и во третиот, ќе има ждрепка.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG