Достапни линкови

ТВ преносот во Северна Кореја, бил грешка


Коментаторот на севернокорејската телевизија „онемел“, а преносот на натпреварот со Португалија, брзо, брзо, бил завршен.

Раководството во Северна Кореја, веројатно охрабрено од добрата игра на нивната репрезентација против Бразил и чесниот пораз од 2 спрема 1, одобри директен телевизиски пренос од вчерашниот натпревар меѓу Северна Кореја и Португалија.

Државната и единствена телевизија на Северна Кореја за прв пат вршеше директен пренос од Светско првенство во фудбал.

Но, рекордниот пораз од Португалија од 7:0, како што јавуваат медиумите во Јужна Кореја, го оставил севернокорејскиот коментатор без зборови, а преносот, веднаш по последниот свиреж на судијата, бил прекинат.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG