Достапни линкови

Малверзации со пари на САД во Авганистан?


Во извештај на американскиот Конгрес се вели дека Соединетите Држави им плаќаат десетици милиони долари годишно на авганистански фирми за безбедност, а парите веројатно завршуваат кај талибанците. Системот на Пентагон да најмува приватни фирми за транспорт на намирници и други материјали, само ги зајакнувало милитантите и ја поттикнувало корупцијата кај авганистанските власти, се вели во извештајот. Се оценува дека тоа е спротивно на правилата на Министерството за одбрана и само ги поткопува американските напори за совладување на бунтовниците во Авганистан. За попладне е предвидено сослушување во Конгресот за овој проблем.
XS
SM
MD
LG