Достапни линкови

Газпром ја намалува испораката на гас за Белорусија


Руски Газпром изутрината дополнително ги ограничи испораките на гас во Белорусија поради неплатените долгови од 192 милиона долари, изјави шефот на компанијата Алексеј Милер. Тој оцени дека Белорусија не превзела никакви чекори за надминување на овој проблем. Претставници на владата Белорусија изјавија дека долгот ќе биде подмирен до 5-ти јули, но портпарол на Газпром изјави дека не можат да чекаат две недели. Долгот на Белорусија за увезениот руски гас се зголеми откако владата Минск еднострано реши да плаќа за гас по минатогодишни цени.
XS
SM
MD
LG