Достапни линкови

Киргистан не се откажува од референдумот


Привремената претседателка на Киргистан Роза Отумбаева вели дека властите планираат в недела да го спроведат референдумот за новиот Устав и покрај стотиците илјади раселени и нарушената безбедност, по судирите меѓу етничките Киргизи и узбечкото малцинство. Таа вели дека секое одложување на референдумот може да доведе до поголема нестабилност.
Во судирите во Киргистан, само овој месец, загинале околу 2000 луѓе, а 400 илјади се раселени. Има десетици илјади бегалци во соседен Узбекистан.
XS
SM
MD
LG