Достапни линкови

Израелски туристички центар место палестински куќи?


Ерусалимските урбанистички власти го одобрија планот за бришење на 22 палестински куќи во Источен Ерусалим, за да се направи простор за израелски туристички центар. Сепак, до конечната одлука може да поминат неколку месеци.
Американските власти изразија загриженост дека планот ја подрива довербата која е неопходна за постигнување мир на Блискиот Исток.
Израел го анектираше Источен Ерусалим по војната во 1967 година. Палестинците, пак, се надеваат дека токму Источен Ерусалим ќе биде главен град на нивната идна држава.
XS
SM
MD
LG