Достапни линкови

Доживотен затвор за неуспешниот бомбаш од Њујорк?


Пакистанецот Фаисал Шахзад, обвинет за обид за поставување автомобил-бомба на Тајм сквер во Њујорк се соочува со доживотен затвор, откако се изјасни виновен за обвиненијата за тероризам. Тој признал дека на 1 мај паркирал автомобил-бомба во центарот на Менхетен. Бомбата не експлодираше, а Шахзад беше уапсен два дена подоцна.
Тој предупреди дека САД се соочуваат со нови напади од исламски екстремисти поради „американската окупација на муслиманските земји“.
XS
SM
MD
LG