Достапни линкови

Британски дипломат на „продолжен одмор“


Велика Британија објави дека нивниот специјален пратеник за Авганистан и Пакистан, Шерард Каупер-Колс, е на „продолжен одмор“, по извештаите дека тој не се согласувал со челниците на САД и на НАТО за стратегијата за борба против Талибанците. Британскиот Форин офис не соопшти што ќе прави дипломатот на продолженото отсуство.
Него привремено ќе го заменува директорот за јужна Азија и Авганистан во Форин офисот Карен Пирс.
XS
SM
MD
LG