Достапни линкови

Францускиот фудбал пред морална катастрофа


Ерик Абидал стартува врз Пабло Барера на натпреварот Франција-Мексико
Ерик Абидал стартува врз Пабло Барера на натпреварот Франција-Мексико

Потресите во француската фудбалска репрезентација ја поматија сликата за Франција во очите на светот.

Француската министерка за спорт Розалин Бачело оцени дека сликата за Франција е поматена во очите на остатокот од светот, поради потресите во француската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Јужна Африка.

По средбата со репрезентативците во Јужна Африка, таа изјави дека францускиот фудбал се соочува со „морална катастрофа“, откако се случија низа превирања што следеа по неефикасната игра во првите две кола од Мундијалот и исклучувањето на Николас Ањелка од репрезентацијата.

Франција мора да победи на денешниот меч против домаќинот Јужна Африка, но и тоа не е гаранција дека ќе го продолжи натпреварувањето.
XS
SM
MD
LG