Достапни линкови

Во Романија отворен фонд за борба со кризата


Романското Министерство за финансии денеска ги замоли граѓаните да даруваат пари во фондот што беше создаден за борба со последиците од економската криза, соопштија руските медиуми. Прв на молбата реагирал премиерот Емил Бок, кој вети дека во фондот ќе ја уплатува својата месечна плата. Минатата недела романската влада донесе пакет антикризни мерки, меѓу кои и намалување на платите во државниот сектор за 25 проценти и на пензиите за 15 проценти, ограничување на социјалните програми и намалување на стотиците илјади буџетски службеници, како и серија други непопуларни мерки
XS
SM
MD
LG