Достапни линкови

Милошоски ги презентирал приоритетите на Македонското претседателство


Во совоето прво обраќање пред пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур, министерот Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министри денеска ги презентирал приоритетите на македонското претседателство. Тој соопштил дека ќе се застапува за реформа на Европскиот суд за човекови права, мултикултурноста во Европа и учеството на помладите генерации во европските демократски процеси особено во Југоисточна Европа. Како претседавач со Комитетот на министри, Милошоски ја изразил намерата да ги продолжи напорите преземани од неговите претходници и Комитетот како целина за справување со последиците од настаните во Грузија од август 2008.
XS
SM
MD
LG