Достапни линкови

Премиерот Груевски се сретна со Клаус


Чешкиот претседател Вацлав Клаус кој престојува во официјална посета на Македонија се сретна и со македонскиот премиер Никола Груевски. Од кабинетот на премиерот соопштуваат дека се разговарало за процесот на модернизација и реформите кои ги спроведува Македонија, а премиерот се заблагодарил и на подршката што земјата ја добива од Чешка. На средбата се разговарало и за интензивирање на економската соработка.
XS
SM
MD
LG