Достапни линкови

Стрес на работното место


Во текстилната индустрија се смета дека има најголемо кршење на работничките права

Во текстилната индустрија се смета дека има најголемо кршење на работничките права

Страв од губење на работното место, намалена плата, навреди, казни, дискриминации... Сето ова предизвикува стрес кај вработените и заболувања, при што најчести се кардиоваскуларните болести, дијабетис и нервни проблеми.

Се повеќе работници во државата страдаат од здравствени проблеми како последица на стресот што го претрпуваат на работните места, беше истакнато на неодамнешната трибина за заштита на работничките права одржана во Битола. Страв од губење на работното место, намалена плата, навреда, казни, дискриминации, понижувања, кавги, ограничени рокови, преоптовареност... Сето ова предизвикува стрес
Сека секој втор или трет може да се рече дека има зголемен крвен притисок, проблеми со срцето, техикардија. Секој е со разболување на желудникот. Секој петти или десетти со дијабетес.
кај вработените. Психијатарот Михаил Левенски критикува.

„во многу институции создадовме несоодветни односи, емотивните нешта ги изоставивме, ја гледаме перфектноста на предметот и материјалот, на заработката, а не на човечноста.“

Тој посочува дека ништо во светот толку стаклесто не го крши срцето како стресот, кој е чест предизвикувач на кардиоваскуларни заболувања. Подолгата изложеност може да предизвика и нервни проблеми, исцрпеност, немотивираност и слаб имунитет.
Илустрација

„Сега секој втор или трет може да се рече дека има зголемен крвен притисок, проблеми со срцето, техикардија. Секој е со разболување на желудникот. Секој петти или десетти со дијабетес.“

Левенски посочува дека стресот на работното место повеќе ги погодува жените отколку мажите.

„Имаме одредена категорија која многу повеќе страда. Тоа се жените кои во еден несоодветен работен однос таму каде што се злоупотребува положбата имаат до 20 проценти поголема појава на карционом на дојка од жените во оние институции кои ги немаат овие проблеми.“

Сепак, наспроти ваквите состојби, работниците ретко зборуваат за стрестот на работа. Тој тешко се докажува, а и тужбите за мобинг се уште се бројат на прсти.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG