Достапни линкови

Познат идентитетот на македонските државјани убиени во Косово


Двајца од македонските државјани убиени утрово во Косово се од липковското село Никуштак, а едниот од село Слупчане, потврди косовската полиција. Во инцидентот кој се случил рано утрово кај Витина се убиени 4 луѓе, но од полицијата засега не кажуваат за што
се работи, освен дека било пукано во возилото на жртвите. Настанот го потврди и министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска.
XS
SM
MD
LG