Достапни линкови

logo-print

Турските лидери разговараат за ситуацијата со бунтовниците


Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска одржува состанок со воениот и со политичкиот врв во земјата за ситуацијата со нападите од страна на курдските бунтовници. Во нападот од пред два дена во близина на границата со Ирак загинаа 12 турски војници , по што турската армија започна офанцива против бунтовниците. Амбасадорот на САД во Турција изјавил дека Соединетите држави веднаш ќе и помогнат на Турција ако таа побара помош за справување со бунтовниците на ПКК, бидејќи САД нив ги сметаат за терористичка група.
XS
SM
MD
LG