Достапни линкови

Клаус:еврото не функционира во кризи


Чешката Република е среќна што ја задржа својата валута, бидејќи проблемите со еврото се уште не се завршени, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус кој престојува во официјална посета на Македонија. Клаус коментирајќи ги финансиските состојби во Унијата, по случајот со Грција, објаснил дека тоа е логичен исход од се што се случувало а што некој не сакал да го види во минатото. Чешкиот претседател изјавил дека еврото може да функционира само на убаво време, но не и во услови на кризи. Клаус е професор по економија и критичар на еврото од самиот почеток.


XS
SM
MD
LG