Достапни линкови

Државјани на Македонија убиени во Косово


Четири луѓе од кои двајца државјани на Македонија, биле убиени утрово во близина на косовскиот град Витина, соопштил портпаролот на полицијата во Гнилање. Портпаролот не можел да потврди дали се работи за пресметка или за нешто друго бидејќи се уште се истражува случајот. Настанот го потврди и министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска. Таа изјави дека се во контакт со косовската полиција и проверуват за кои луѓе станува збор, за тоа како ја преминале границата , дали нивниот престој во Косово бил легален и дали се занимавале со криминални дејствија.
XS
SM
MD
LG