Достапни линкови

Во протестите во Ирак, 13 повредени


Најмалку 13 луѓе се повредени денеска во судирот со полицијата за време на протестите о ирачкиот град Насирија. Некои од демонстрантите фрлале камења кон полицијата, а полицијаците употребиле солзавец и водени топови да ги растераат демонстрантите. Луѓето бараат оставка на министерот за енергија и уште неколку други одговорни лица, кои воведоа рестрикција на струја, па така сега луѓето добиваат на секој 5 часа по еден час струја и тоа во услови кога температурата изнесува и до 50 степени. Сличен протест во саботата имаше и во градот Басра, тоѓаш беа повредени двајца демонстранти.
XS
SM
MD
LG