Достапни линкови

Во Авганистан загинаа четворица НАТО војници


НАТО соопшти дека четворица војници на меѓународните сили загинале откако нивниот хеликоптер се урнал денеска во јужниот дел на Авганистан. Алијансата не даде подетални информации за несреќата, освен дека немало индикации оти хеликоптерот бил соборен од милитантите. Агенциите јавуваат дека тројца од загинатите биле австралијци.
XS
SM
MD
LG