Достапни линкови

Црна Гора и Косово за границата меѓу двете земји


Шефовите на дипломатиите на Црна Гора и на Косово Иван Брајовиќ и Бајрам Реџепи денеска во Подгорица ќе разговараат за процесот на демаркација на границата меѓу двете земји. Според медиумите во Подгорица, Реџепи изјавил дека граѓани на Црна Гора преместиле еден од главните гранични знаци на штета на територијата на Косово. Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ неодамна изјави дека некој сака да создаде гранични проблеми на Црна Гора за да ја забави нејзината европска интеграција.
XS
SM
MD
LG