Достапни линкови

Ограничена испорака на гас за Белорусија


Рускиот претседател Дмитри Медведев и нареди на државната компанија Газпром да го намали дотекот на гас за Белорусија поради неисплатениот долг за претходните испораки. Газпром претходно се закани дека од денеска за 85 проценти ќе го намали снабдувањето доколку Минск не исплати над 190 милиони долари. Белорусија ги отфрли тврдењата дека должела пари. Медведев, како што јавуваат агенциите, исто така му наредил на директорот на Газпром Алексеј Милер да ги продолжи разговорите со белоруската делегација која е во Москва со цел да се реши спорот. Газпром не очекува овој спор да се одрази и врз снабдувањето со руски гас на Западна Европа.
XS
SM
MD
LG