Достапни линкови

„Газпром“ нема да се спојува со „Нафтогаз“, белоруска делегација во Москва


Украинскиот премиер Микола Азаров ја отфрли можноста за спојување на украинската државна компанија за природен гас со рускиот гигант „Газпром“. Таков договор не постои, рекол Азаров во телевизиско интервју на украинската државна телевизија. Украинскиот премиер сепак посочил дека властите ќе ја разгледуваат можноста за зајакнување на соработката меѓу двете компании на заеднички проекти. Првиот човек на руската државна компанија „Газпром“ минатиот месец предложи присоединување на фирмата со украинскиот „Нафтогаз“. Во меѓувреме, рускиот нафтен гигант се закани дека ќе го сопре дотокот на суровината до Белорусија поради долг во висина од 192 милиони американски долари. Денеска белоруска делегација ќе отпатува во Москва на разговор со руските власти за овој проблем. Руските власти претходно уверуваа дека прекинот на доставата на природен гас во Белорусија нема да го поремети транспортот на суровината до другите европски земји.
XS
SM
MD
LG