Достапни линкови

logo-print

Дваесетмина уапсени во Киргистан


Киргистанските власти уапсиле дваесетмина лица за кои се верува дека го предизвикувале насилството во јужниот дел на земјата, соопштија од киргистанското Министерство за внатрешни работи. Портпаролот на Министерството додаде дека биле отпочнати околу деведесетина истраги за убиства и киднапирања. Војската на Киргистан ги отстрани повеќето барикади кои беа поставени во градот Ош, каде претходно беше прогласена вонредна состојба. Во меѓувреме, портпарол на Белата Куќа изјави дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров „споделиле заедничка загриженост“ за насилствата во Киргистан.
XS
SM
MD
LG