Достапни линкови

Парагвај-Словачка 2:0


Фудбалската репрезентација на Парагвај ја победи селекцијата на Словачка со 2:0, во второто коло во групата Ф, на Светското првенство во Јужна Африка. Головите ги постигнаа Енрике Вера во 27-та и Кристијан Риверос во 86-та минута од натпреварот. Парагвај е сега прв во Групата Ф со четири поени, а сите останати репрезентации имаат по еден. Во следното коло Словачка игра со Италија, а Парагвај со Нов Зеланд.
XS
SM
MD
LG