Достапни линкови

Русија и Белорусија ќе разговараат за испорака на гас


Белорусија ќе испрати денеска делегација во Русија на итни разговори со рускиот гигант Гаспром откако не се договорија околу испораката на гас. Министерот за енергетика на Белорусија изјавил дека двете страни утре ќе разговараат за проблемот. Русија изјави дека ќе и ја намали испораката на гас за 85 проценти на Белорусија ако до утре не го исплати заостанатиот долг од 192 милиони долари. Недоразбирањето меѓу двете земји може да ја остави Западна Европа без гас.
XS
SM
MD
LG